Софија инсистира Бугарите да влезат во македонскиот Устав

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Привремениот шеф на бугарската дипломатија Светлан Стоев како сериозен проблем во билатералните односи повторно го актуелизира говорот на омраза и прашањето што земјава повеќе од една година нема амбасадор во Бугарија. Освен тоа, тој инсистира и на запишувањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав.

Стоев не прецизираше кога Софија очекува да се реализира ова барање, но пред еден месец за време на неговата посета премиерот Заев потенцираше дека Бугарите ќе влезат во македонскиот устав, но дури пред членството на Македонија во ЕУ.

И покрај ветото, Стоев и натаму уверува дека Софија сака почеток на преговорите на Македонија, но не пропушти да каже дека за тоа да се случи на Макеоднија и е потребно политичко лидерство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи