55. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи на почетокот на октомври

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На седницата одржана на 15.07.2021, собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“  одлучи 55 –то издание на МТФ да се одржи  на почетокот на месец октомври 2021.

„На Фестивалот со претстава по свој избор можат да учествуваат сите професионални театри, кои се членови на собранието. Имено театрите до 30 август треба да го пријават своето учество со наслов на претставата со која планираат да настапат на фестивалот.

Донесена е одлука прететстави од типот монодрама и дуодрама да не се пријавуваат за учество во официјалната програма.

 Со оглед на состојбата со пандемијата и со финансиите, во  придружната програма учество ќе имаат само дипломските претстави од ФДУ и ЕСРА. Нема да имаат можност да бидат селектирани претстави кои се од независната продукција, или ад хок групи, како за во официјалната така и за придружната програма.

Добитниците на наградата за животно дело ќе бидат познати во почетокот на септември, кога ќе биде објавена и официјалната програма за 55 –от МТФ „Војдан Чернодрински“, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи