Електронското и печатеното издание на Службен весник од утре со еднаква правна важност

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од утре стапуваат во примена одредбите од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во Службен весник на Република Македонија кои се однесуваат на електронското и на печатеното издание на ова гласило.

Во нив е пропишано дека електронското и печатеното издание на Службениот весник на РМ ќе имаат ист текст и содржина и еднаква правна важност.

„Доколку се појави неусогласеност помеѓу текстот и содржината на електронското и печатеното издание, за точен, односно правно важен, ќе се смета текстот објавен во електронското издание“, соопшти ЈП Службен весник на Република Македонија.

Во согласност со измените, законите и другите прописи се објавуваат во печатеното и во електронското издание на Службениот весник, кое содржи електронски потпис и печат, со што се гарантира неговата идентичност и автентичност со печатеното издание и е објавено на веб-страницата на ЈП Службен весник на Република Македонија.

Законот за изменување и дополнување на Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во Службен весник на Република Македонија е објавен во Службениот весник бр. 21 од 27 јануари 2021.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи