Заев: Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска се сеќаваме на 26 јули 1963 година, кога во 5 часот и 17 минути беа урнати 15.800 станови, оштетени 28.000, а над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје, и им го одзеде животот на над илјада скопјани, напиша на својот официјален ФБ профил премиерот Зоран Заев.

„Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата,“ објави Заев.

Скопје во својата долга историја, напиша Заев, никогаш не ги заборавал жртвите и своите граѓани и затоа и денеска, 58 години потоа, се сеќаваме на починатите во земјотресот и им оддаваме достојна почит.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи