Заев: Со амандман ќе се внесе уставното име во Резолуцијата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев рече дека со амандман ќе се интервенира во Предлог-резолуцијата за решавање на прашањето со Бугарија за да стои уставното име на земјата – Република Северна Македонија и оти за тоа владејачкото мнозинство само ќе обезбеди гласови. Заев смета дека е најважно резолуцијата да биде донесена и да се испрати порака на единство.

„Само така тоа ќе биде уставно исправен документ, а сите заедно ќе ја гласаме резолуцијата со што ќе испратиме порака на единство дека сакаме решение со Бугарија, но и оти знаеме што е дозволиво, а што не“, рече Заев.

Заев ги повика пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива да го поддржат амандманот, затоа што, како што рече, биле и за промена на Уставот и за Преспанскиот договор заради ЕУ и НАТО интеграциите на земјава. Но, додаде Заев, повикувам за амандманот да гласа и некој од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што истакна, тоа е реалност во државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи