Минчев: Бугарија нема интерес за признавање на „бугарското малцинство“ во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Бугарија не е заинтересирана да бара признавање на „бугарското малцинство“ во Р Македонија, вели бугарскиот политиколог Огњан Минчев во објава на Фејсбук.

„Врз основа на бугарскиот устав, билатералната бугарско-македонска декларација од 1999 година го афирмираше принципот на обврска на страните да ги почитуваат индивидуалните права на нивните граѓани да се самоидентификуваат и слободно да го изразат својот идентитет во доброволни здруженија од областа на граѓанското општество. Бугарската држава препознава еднакви граѓани, а не малцинства и мнозинства.  Крајно време е во бугарските институции – особено во Министерството за надворешни работи да започнат да управуваат со компетентни луѓе и да престанат да носат одлуки на парче! Големата неволја што ја направија разни „патриоти“ не може да се поправи со нова серија идиотски одлуки, извадени од контекст, туку со национален интерес и перспективна стратегија за нивно поддржување“, вели Минчев.

Во петокот вршителот на должноста министер за надворешни работи Светлан Стоев изјави дека Министерство за надворешни работи на Бугарија бара можности Бугарите да бидат вклучени во Уставот на Македонија на рамноправно ниво со другите наведени нации во земјата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи