„Музички вибрации“ на “Македонски квартет труби” во среда во Цепенков

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 28.07.2021, среда од 19.00 ч. во фоајето”  на НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи концерт „Музички вибрации“ на “Македонски квартет труби”.

Квартетот е составен од четворица дипломирани трубачи на Факултетот за музичка уметност во Скопје од кои двајца се и магистри по труба. (Бојан Митрески од Прилеп и Стојанче Косовски, Гоце Цоневски и Васко Рошков).

Концертот „Музички вибрации“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата од областа на музичко-сценска дејност за 2021 година. На концертот ке бидат изведени композиции од повеќе светски автори, како и две народни песни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи