Се реконструираат полициските станици во Прилеп и Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


МВР во рамки на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-техничките и инфраструктурни капацитети на македонската полиција, покрај 58-те веќе реконструирани објекти, продолжува со подобрување на условите во полициските објекти и во другите градови.

Во моментот се реализираат реконструкциски активности во Куманово, Прилеп, Крушево, Чашка и Полициски центар Ѓорче Петров.

„Како и во веќе завршените 58 објекти, и во овие, следејќи ги стандардите на енергетска ефикасност и заштеди на енергија, истовремено се запазува и потребата од заштита на животната средина, преку замена на постојните начини на загревање со поставување на парно греење, наместо досегашната употреба на огревното дрво како енергенс. Притоа, старите прозорци се заменуваат со нови ПВЦ прозорци, се врши замена и на внатрешната дотраена столарија и изработка на надворешна фасада“, стои во денешното соопштение од МВР.

Актуелното раководство во Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението, ќе продолжи со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата и да создава модерна, опремена, стручна и мотивирана полиција која ќе испорача уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи