АА го повикува Заев итно да им се извини на сите администратори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев итно да се повлече од вчерашните обвинувања упатени кон јавната администрација и да им се извини на сите административци дека се корумпирани, повика Алијанса за Албанците.

„Амнестирањето на министрите и директорите од корупција и обвинувањето на административците за неодамнешните процени на Стејт департментот е само низок обид да се дефокусира јавното мислење и силен удар врз оние кои веќе работат под постојан притисок и во мизерни услови. Во време кога имаме јавни докази за корумпирани министри и директори, разрешени и осудени функционери, поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, „пациентот“ кој дури е унапреден во поранешен генерален секретар на Владата, ваквите изјави на премиерот Зоран Заев јасно покажаа дека во Владата не постојат само криминал и корупција, туку и организиран криминал“, велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата бараат итно да запрат нападите врз јавната и врз државната администрација, бидејќи според Алијанса, тие и онака имаат голем притисок и условувања за време на изборните процеси, ниски плати и тешки услови за работа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи