Затворен регионалниот патен правец преку НП Галичица од Баба до Царина (преспанско) од 8 до 17 часот поради реконструкција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина – (преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи на пат – (реконструкција на коловозната конструкција).

После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација.

Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи