На денешен ден во Охрид се упокоил Св. Климент Охридски чии мошти почиваат на Плаошник

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Охрид на денешен ден (27 јули) во 916 година се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква.

Свети Климент Охридски е роден 836 година, бил еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиј бил истеран од Панониja од Светото Римско Царство, (идните германци) или продаден како роб и побарал спас во Паристрион, која управувала со голем дел од Македонија во тоа време.

Со дозвола на Паристријскиот кнез Борис 1 оди во Охрид, во областа Кутмичевица во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.

Најголемата црква во Скопје, Соборниот храм, го носи името на свети Климент, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.

Најголемиот дел од моштите на св. Климент се чува во Македонија, во Плаошник, а покрај нив, во Македонија има мошти на св. Климент во Бигорскиот манастир, во Митрополијата во Битола, во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, во црквата Св. Климент Охридски во Скопје и во Поречкиот манастир.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско-проcветителските, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови. Во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: св. Ѓорѓи, св. Тома, св. Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи