Фон дер Лaјен: ЕУ вакцинираше 70 % од населението со најмалку една доза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Брисел изјави дека целта од 70% вакцинирани од возрасните лица во Европската унија е постигната.

„Нашата цел во јули беше да заштитиме 70 % од возрасните во Европската унија со најмалку една доза. Денес ја постигнавме таа цел и 57 % од возрасните се целосно вакцинирани“, рече Фон дер Лајен.

Таа порача дека треба да продолжат напорите и повика да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

„Делта варијантата е многу опасна. Затоа ги повикувам сите кои имаат можност да се вакцинираат. Заради заштита на сопственото здравје и заштита на другите“, рече Фон дер Лајен, истакнувајќи дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува доволно вакцини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи