Заев: Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври


Премиерот Зоран Заев кажа дека утврден е датумот на одржување на изборите, односно 17 октомври. Тој смета дека можно е пописот да заврши и порано од крајниот рок.

„Датумот, според предлогот од работните групи во кој учествуваат сите политички партии е 17-ти, односно, нема промени на датумот кој е утврден во самиот Изборен законик и досега. Имаше дилеми поаради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но, на крајот се одлучи дека трите дена не менуваат ништо, пописот е активност којашто финишира преку ден, кампањите се водат навечер. Впрочем, пописот секојпат се држел 20 дена, овојпат се определени 30 дена, може навистина да се заврши порано. Има доволно време, нема потреба од какви било промени на датумот за изборите“, кажа Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи