Историско олимписко сребро за Македонија


Mакедонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски, го освои сребрениот медал во таекводно (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио. Во финалето загуби од русинот Владислав Ларин.

Првата од трите рунди заврши со 2:0 во корист на Ларин.

Во втората рунда, натпреварот се отвори. Прво, Ларин направи разлика, но Георгиевски брзо возвраќаше на освоените поени од противникот. Втората рунда заврши со резултат 9:7 и натпреварот беше далеку од завршен.

На почетокот на третата рунда, Ларин продолжи да освојува поени а Георгиевски првично одговори. Но, во втората половина на рундата, русиниот успеа да освои уште неколку поени кои Георгиевски немаше време да ги возврати за неизвесност до крајот.

Иако не стигна до златото, сребрениот медал за Георгиевски е голем успех. Тој го освојува и првиот медал на Олимписки игри за Македонија по пауза од 21 година.

Георгиевски, кој е член на теквондо клубот Бутел, во кариерата има освоено злато и сребро на европските првенства, а нормата за Токио ја избори на квалификацискиот турнир во Софија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи