Единствена во светот: Древна сончева набљудувачница во Перу ставена под заштита на УНЕСКО

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Сончевата опсерваторија Чанкиљо во Перу, стара 2.300 години, се впиша на списокот на светско наследство на УНЕСКО и е прогласена за ремек дело на човековиот креативен гениј.

Локалитетот Чанкиљо се наоѓа во пустина во северно Перу, на 400 километри северно од главниот град Лима, на врвот на еден рид.

Тринаесетте кули кренати на гребен се карактеристични за овој древен комплекс направен меѓу 250-та и 200-та година п.н.е. Структурата со 13 камени кули се користела како сончев календар од засега непозната цивилизација, скоро две илјадалетија пред појавата на друг добро познат сончев култ – оној на Инките. Кулите тука со исклучителна точност ја обележуваат зимската и летната краткоденица, како и пролетната и есенската рамноденица. Кулите служеле како календар кој го следел движењето на сонцето и така бележеле рамноденици и помрачувања, но и прилично прецизно, денови и години.

Ајван Гези, програмски директор на Чанкиљо за „Guardian“ рекол дека е воодушевен од признанието на агенцијата на ОН.

„Тоа е единствена опсерваторија од древниот свет за која знаеме дека има комплетен годишен соларен календар. Кулите се поставени така што прецизно се поклопуваат со движењето на сонцето во текот на годината со две многу дефинирани точки гледишта. Не постои ништо слично ни во Америка ни во светот“, рекол Гези, археолог кој две децении го проучува и работи на локалитетот.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи