ЕУ ќе ги надгледува судењата за организиран криминал и висока корупција во судовите во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска министерот за правда Бојан Маричиќ учествуваше на настанот за одбележување на активностите за мониторинг на судски процеси во областа на организираниот криминал и корупција, регионален проект на Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјава.

„Искрено верувам дека следењето на судењата за случаи на корупција на високо ниво и организиран криминал навистина може да биде еден од начините за постигнување позитивни резултати. Ќе ја зголеми одговорноста во работењето на обвинителите и судиите, истовремено ќе ја зајакне борбата против корупција, но и ќе ја зголеми довербата кај граѓаните во институциите и во својата држава“, вели Маричиќ.

Министерот вели дека ние сме прва земја во регионот која од ЕУ побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на предмети за висока корупција и тоа, според него, покажува дека Владата има искрена намера за неселективна правда и транспарeнтни судски процеси.

Министерот верува дека неговата лична заложба и на Владата ќе се исполни и вистински овој мониторинг ќе помогне на македонското да стане европско судство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи