Мијалков од Шутка пренесен во „Систина“ поради болки во стомакот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, вчера попладнето од затворот во Шутка бил пренесен во болницата „Систина“, откако се пожалил на болки во пределот на стомакот, јави Телма. Тој добил дозвола од судот да замине во болницата каде ќе остане додека завршат испитувањата.

Мијалков минатата недела ја слушна првата ослободителната пресуда за случајот „Тортура“, но е осуден на две затворски казни во вкупно времетраење од 20 години за предметите „Таргет-Тврдина“ кој го опфаќа масовното прислушување и „Трезор“ кој се однесува на уништувањето на опремата за следење на комуникациите во УБК.

Двете пресуди сè уште не се правосилни, односно за жалбите на странките треба да се изјасни и Апелацискиот суд во Скопје.

Екс-директорот на УБК, заедно со Мендух Тачи и тројца поранешни членови на ДИК, е обвинет и во случаите „Титаник 2“, „Плацови за Водно“ и е осомничен и во финансиската истрага „Империја“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи