Поради екстремно високите температури, лососи пливаат живи сварени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Лосос рибите во река во Колумбија се варат во топлата вода, откако температурите на водата се зголемија за време на рекордниот бран горештини на северозападот на Тихиот океан.

Видеото кое во вторникот го објавила непрофитната организација „Колумбија риверкипер“ прикажува група лососи како пливаат во речната притока, прекриени со црвени лезии и бели габички, како резултат на стресот и изложеноста на екстремни температурите, пишува „Гардијан“.

На денот на снимањето на видеото, реката достигнала температура од 21 ° C, што е смртоносно за овие риби ако се изложени на тоа подолго време. Законот за чиста вода забранува зголемување на температурата на реките над 20 ° C.

Но, ова не се случило само поради топлотниот бран, туку ситуациите во реките ги влошиле и бројните брани кои со децении го забавуваат протокот на водата ширум државата Вашингтон и пошироко, кревајќи ја температурата на водата.

Десетици илјади лососи се уште живеат во реките Колумбија и Долна змија, а бидејќи реките дополнително ќе се загреат во наредните два месеци, би можело да се случи катастрофа.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи