Презентација на документарни филмови и 360° виртуелни тури низ прилеските музеи поврзани со НОБ и Могилата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во четврток во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков “ – Прилеп со почеток во 19:00 часот ќе се одржи авршниот настан на проектот „Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“, на кој што ќе бидат промовирани 360° виртуелни прошетки и документарни видеа за: Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски “ – Питу, Меморијалниот музај „11 Октомври 1941“ и спомен паркот на Револуцијата. Исто така, настанот ќе биде збогатен со изложба на фотографии од овие историски објекти.

Според органиизаторите основната цел на пректот била помовирање на историското наследство на Општина Прилеп од времето на НОБ преку користење на иновативни промотивни алатки.

Исто така преку проектот се сака да се постигне поголема туристичката промоција и поддршка на локалниот економски развој на Општина Прилеп, поддршка на НУ Завод и Музеј – Прилеп за промоција на историското наследство на Општина Прилеп, како и поддршка на претприемачите од фотографската и видео дејноста во Општина Прилеп за намалување на последиците предизвикани од Ковид-19 кризата.

Проектот е поддржан од Владата во рамките на програмата „30 години независност на Северна Македонија“, а е имплементиран од Фан Продукција 2004.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи