Република Српска забрани увоз на 400 килограми сливи од Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Како дел од редовната проверка на производите, Фитосанитарната инспекција на Република Српска (РС) забрани увоз на пратка од 400 килограми сливи со потекло од Македонија, бидејќи утврдени се остатоци од пестициди над пропишаното максимално ниво, велат од тамошниот државен инспекторат.

Контролата на овошјето и зеленчукот во РС се врши при увоз, со цел да се утврди дали е здрава и безбедна за човечка употреба, а најголем ризик кај овие производи е нелегалното количество пестициди, микотоксини и тешки метали, а тоа се параметрите на кои се вршат лабораториски анализи.

Од Инспекторатот наведуваат дека во првата половина на оваа година, при увозот, надлежната инспекција зела 607 примероци овошје, зеленчук и житни култури за исхрана на луѓето за потребите на лабораториско испитување.

Кај две пратки биле откриени неправилности, а инспекторот издал решение со кое се забранува увоз и наредува враќање на пратката до испраќачот или уништување под надзор на надлежниот инспектор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи