На 29 јули 2021, четврток од 21.00 ч. на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи групата ФОЛТИН.
Концертот е по повод јубилејот 25 години од првиот концерт на Фолтин и ќе биде промовирано најновото студиско издание „Симултан бакнеж“.
Ќе се свират најновите, но и најубавите стари песни.
Влезот е бесплатен. Концертот во Прилеп е финансиски поддржан од Министерство за култура.