ВМРО-ДПМНЕ: Советот на О. Прилеп изгласа втор командир на ПС Прилеп, иако претходниот не е официјално разрешен

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На денешната седница на Совет на Општина Прилеп, се случи невиден преседан, каков што нема никаде во светот. Замислете, мнозинството во советот на Општина Прилеп изгласа втор командир на ПС-ОН Прилеп, иако претходниот командир за кого  уште се води постапка, не е официјално разрешен со решение од функцијата командир. Се вели во денешното соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Ова е досега невидено кршење на законот кој јасно ја предвидува постапката на разрешување и избор на нов командир. Министерот за внатрешни работи прво треба да го разреши досегашниот командир, па потоа со предлог може да се продолжи изборот на нов командир на ПС-ОН Прилеп.

За огромна жал, советниците од редовите на СДСМ, освен партиската агенда која им е наметната, во очи на локалните избори, не ги интересира ништо друго, а најмалку почитувањето на законите.

На ваков начин, нашата општина Прилеп, во моментот има два командири. Можеби оваа одлука на советот, се должи на фактот што Прилеп е претворен во град на мафијата, рекетот и продажбата на дрога, па сега сакаат со два командири да ја подобрат безбедноста на граѓаните?!“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи