Се намалуваат критериумите – стечајци со 14 години стаж ќе добиваат месечна државна помош

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Постојат стечајци на кои им недостасуваат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, изјави денес министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Со новите измени, 1.100 нови стечајни работници ќе бидат внесени во системот за парично обештетување од  9.242 денари, или 34% од просечната месечна нето плата исплатен по работник претходната година.

„Потребата од Законот за стечајци  произлезе од средбите со граѓаните на кои помошта им е неопходна. Со најновата измена 13.000 лица ќе бидат вклучени во системот за парично обештетување со износ до 9.242 денари. Ова ја покажува нашата грижа за граѓаните. Овој материјален надоместок стечајните работници ќе го добиваат до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување. На денот на поднесување на барањето за паричната помош, жените треба да имаат, не помалку од 52 години, а мажите 55 години“, рече Шахпаска.

Предлог законот за стечајци кој помина во второ читање на Комисијата за труд и социјална политика, ја доби поддршката од сите нејзини  членови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи