Со т.н. ноќен радар полицијата казнила 200 возачи за брзо возење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Синоќа во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 (29.07.2021) часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи.

Од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 3 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи