Што да направите ако ве фати грч додека пливате?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Доколку во текот на пливање ве фати грч најважно е да останете смирени и да ги примените следното. .

Најдобрата техника е Архимедовиот закон. Законот вели дека телото потопено во вода е полесно. Оваа техника ви овозможува да останете на површина и почекате за помош.

Дишете длабоко и легнете на грб. Бидете максимално под вода така што само лицето ќе ви биде над површината. Со лесни кружни движења со рацете и нозете пливајте во правец на копно. Обрнете внимание на дишењето, плуќата треба да ви биде полна со кислород. Додеа чекате помош, истегнете го згрчениот мускул 10 – 15 секунди додека да не се опушти.

Иструкторка од Здружението на спасувачи, Кристина Миладиновиќ со неколку професионални совети.

„Доколку пливачот го фати грч во вода никако не треба да подлегне на стравот: мора да биде фокусиран, да земе воздух и да легне на грб, да почека да помине момент доколку е во прашање грч и да повика помош – дали стручна или некој кој ќе пријде и ќе му помогне на начинот на кој треба. Кога зборуваме за личности кои не се стручно обучени за давање помош – не е дозволен директен контакт со оној кој се дави. Во такви ситуации постои можност да се удават и двете лица. Треба да се даде предмет на кој личноста ќе се фати и ќе земе нормално воздух, или ќе повика помош, поради безбедноста на другите“, додава Миладиновиќ.

Најважно, кога ќе излезете од вода после вакво искуство, подобро е да почекате некое време пред повторно да влезете во вода бидејќи грчот може брзо да се врати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи