Заев за Отворен Балкан: No stop, just go, крајната цел е да нема застанување на границите меѓу Македонија, Србија и Албанија


Само со поврзан регион можеме да се движиме постојано до членството во ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев од Економскиот форум во Скопје.

„Конечна цел на поврзувањето на Западниот Балкан е да постигнеме ‘no stop, just go’, да нема воопшто застанување на границите помеѓу Србија, Северна, Македонија, Албанија, а се надеваме понатаму и пошироко“, рече Заев.

Како што кажа тој, со интегрирањето и поврзувањето на регионот ќе се обезбеди слободно движење на стоки, преку зајакната инфраструктура на граничните премини, со 24-часовно работно време на сите гранични служби и со проширување на зелените коридори меѓу нашите земји кон ЕУ. Премиерот додаде дека преку овозможување мобилност на студенти, научници и истражувачи, меѓусебно признавање на професионалните квалификации и со проширување на туристичките понуди и врски во регионот ќе се прошири и слободното движење на луѓето.

„Дополнително да го олесниме слободното движење на капиталот, преку усогласување на пристапот кон регулаторната рамка на ЕУ за финансискиот пазар. За остварување на овие слободи, денеска како за почеток, ќе бидат потпишани еден договор и два меморандума за соработка“, кажа Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи