Напад на лекар или здравствен работник ќе се смета како напад врз службено лице

Facebook
Twitter
Email
Print


Лекарската комора на Македонија истакнува дека лекарите и здравствените работници мора да се чувствуваат безбедно и да бидат безбедни на своите работни места, бидејќи само така ќе може да се вложат со целосен капацитет во лекување на пациентите и унапредување на здравствениот систем.

„Во таа насока ја истакнуваме важноста на одлуката за измени на Кривичниот закон со кои напад или посегнување по животот на лекар или на здравствен работник се смета за напад на службено лице и се казнува како кривично дело. Овие дела се групирани во неколку категории за кои се предвидува различна висина на затворска казна. Досега нападот на здравствените работници се казнуваше како прекршочно дело за што постоеше парична казна“, велат од Лекарската комора

Лекарската комора изразува и поддршка за најавата на Министерството за здравство со законски измени да се регулира правото на вршење дополнителна дејност за сите лекари во јавните и приватни здравствени установи.

„Веруваме дека доколку оваа идеја соодветно и добро се имплементира ќе создаде можност за дополнителна работа и заработувачка на докторите со што нема да постои потреба за заминување во странство. Бенефит ќе има и за пациентите кои потребните здравствени услуги ќе може да ги добијат во местото каде што живеат и нема да има потреба да трошат време и средства на патување“, велат од Лекарската комора.

Лекарската комора како стручно и независно здружение кое ги застапува и штити интересите на докторите и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредувањето на нивната положба во општеството, остварување на права согласно општествениот придонес кој до даваат, како и на зајакнување на довербата на релација пациент-лекар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи