Денеска е Огнена Марија: Заштитничка на жените која пали и казнува со оган, овие три дена се викаат Горештици

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Православните верници денес го слават празникот на светата голема великомаченичка Марина, во народот позната како огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитник на жените.

Именден денеска слават Марија, Марина, Марика…

Огнената Марија, светата маченичка Марина, е родна Антилија. Таа се крстила на 12-годишна возраст и заради својата верба во Исус Христос, страдаше во времето на царот Диоклецијан.

Според народното верување, Света Марина гори и казнува со оган, а како Свети Илија, кој казнува со гром, таа им припаѓа на „огнените“ светци. Вообичаено е да не работите никаква работа на овој празник, кога „небото и земјата се палат“ заради големата топлина.

И не случајно овие три дена во народниот календар и во народното сфаќање одат заедно, под едно име Горештици (од горештина ‒ многу топло) или Чуруци (од чур, чад-оган), бидејќи и во народното верување бројот три има посебно значајно место.

Во народното предание има многу примери на несреќи што се случија на овој ден, кога пливачи се удавија во реките и езерата.

Затоа се верува дека капењето треба да се избегнува и на Огнената Марија исто како и на Свети Илија.

Според христијанското предание, светата маченичка Марина била пресечена со меч на 16 години, во времето на царот Диоклецијан. Во некои православни цркви, таа се слави како Маргарита од Антиохија, која страдаше заради нејзината верба во Христа.

Нејзините мошти биле во Цариград до доаѓањето на крстоносците, а денес нејзината рака е во манастирот Ватопеди на Света Гора. Во манастирот Свети Марина во Албанија, на планината Лонга над Охридското Езеро, почиваат нејзините чудесни и свети мошти, кои ги посетуваат и православни и муслимани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи