ЕУ: Изборната регулатива не смее да се отвора најмалку 1 година пред избори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


„360 степени“ објавуваат дека како одговор на прашања до Делегацијата на Европската Унија во Македонија, во однос на измените на Изборниот законик ги добиле препораките и упатствата на Венецијанската комисија.

Кодексот за добри практики на Венецијанската комисија вели дека изборната регулатива, особено нејзините основни елементи, не треба да се отвораат најмалку 1 година пред избори.

Европската Унија ги смета за релевантни упатствата и препораките на Венецијанската комисија, кои собирањето потписи за независни кандидати и листи на избори го поставуваат на најмногу 1 % од регистрираните гласачи во конкретната изборна единица.

Во однос на тоа што измените и дополнувањата на Изборниот законик се прават непосредно пред распишувањето на локалните избори, од Делегација на ЕУ во Македонија велат:

„Повторно се повикуваме на Венецијанската комисија, која во својот Кодекс за добри практики дава препораки за минималниот период пред избори во кој може да се менуваат фундаментални елементи во изборниот закон, бидејќи стабилноста на законот е клучна за кредибилитетот на изборниот процес.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи