Зоран Заев на Фејсбук објави дека на денешната средба со лидерот на БЕСА, Билал Касами договориле соработка за изборите и меѓусебна поддршка во некои општини.
„Коалицијата СДСМ – БЕСА минатата година постави нови стандарди во современото политичко дејствување во Северна Македонија. Денес оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата.
Со претседателот на БЕСА, Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ“, напиша Заев.