ВИДЕО – Во Прилеп промовирана кампањата „Вози одморен“ – 537 санкции за пребрзо возење , 99 за возење под дејство на алкохол


Денеска во Прилеп МВР и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја промовираа кампањата „Вози одморен“, каде на граѓаните им беше укажувано дека треба да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и тоа дека мора да бидеме и одморени кога управуваме возило, затоа што според статистиките јулии и август биле месеците со најголем број на сообраќајнии несреќи.

„Во превентивниот дел ја водиме кампањата „Вози одморен“, каде на граѓаните им укажуваме дека треба да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, но мора да бидеме и одморени кога управуваме возило затоа што заморот и големите температурии придонесуваат за намалена концентрација и зголемен број на сообраќајни несреќи. Статистички гледано јули и август се месеците кога има најголем број на жртви на сообраќајниците во државава и токму затоа сме насочени на интензивни кампања, превентивни, но се разбира и репресивни. Во текот на вчерашниот дел имаме 537 санкции за пребрзо возење на патиштата, исто така имаме 99 санкции за возење под дејство на алкохол. Ова се прекршоците кои се директна причина за најтешките сообраќајни несреќи. Затоа уште еднаш ги повикувам граѓаните возете вниимателно, возете според правилата и прописите, непочитувањето на тие прописи може да ве чини живот“, вели Тони портпарол на МВР.

„Сега се одредени активности за празникот, во тек се годишните одмори и продолжениот викенд каде што бројот на моторните возила секојдневно се зголемува. Се зголему и метежот во сообраќајот и затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почиитуваат правилата и прописите, да ја почиитуваат препорачаната брзина, да не конзумираат алкохол, да возат одморени бидејќии во таа ситуација ќе бидат безбедни и безбедно ќе учествуваат во сообраќајот“, додаде Гордана Кожувароска, претседател на РСБСП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи