ВИДИЕО – Крушевчани поделени околу новините за Илинден-Општина Крушево повикува на достојно одбележување


За прв пат во 30 години самостојност и независнот на Макадонија се менува начинот на одбележување на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево. Според системот на ротација во Крушево годинава е присутен претседателот на државата Стево Пендаровски. Новина е тоа што Пендаровски одлучи оваа година за прв пат да нема говор на Мечин Камен, кој најчесто беше околу пладне, бидејќи според Пендаровски говорите предивикувале само омраза, поделби и создавале негативна атмосфера за овој ден.

Главниот настан годинава на 2 август ќе се случи во 18 часот на Мечкин Камен каде Пендаровски ги има покането сите лидери на политичките партии, а целта била меѓупартиско помирување. Засега присуството го имаат потврдено само Али Ахмети, кој за прв пат ќе биде присутен во Крушево за Илинден, премиерот Зоран Заев и Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Од ВМРО-ДМПНЕ велат дека Христијан Мицкоски немало да биде присутен во Крушево бидејќи ќе бил во струшко Ташмаруништа.

Прославата на Мечкин Камен ќе започне традиционално со парада на коњаниците, по што ќе следи патролирање на Воениот оркестар. Во текот на денот Пендаровски ќе им се обрати на граѓаните преку 2 минутна видео порака, а вечерта на Мечкин Камен свој настап ќе имаат Танец, Албанскиот ансамбл за народни песнии и ора, Влатко Стефаноски и Воениот оркестар.

Крушевчани се поделени околу овие новини. Дел сметаат дека конечно е потребно помирување на партиите, и дека во минатото навистина имало недолични настани на овој ден, а други сметаат дека ова е срамен чин и чин за осуда да нема говор на Мечкин камен за Илинден.

„Се одеше таму се урликаше, се вреѓаше, се пцуеше, не е убаво, не личи така, не личи“, вели еден крушевчанец.

„Наместо ние да се здружиме, што правиме ние, ние се караме и вреѓаме. Значи не е хумано тоа, не е човечки, сепак празник е за сите“, додаде друг крушевчанец.

 „Требаше во 12:00 часот ама навечер ќе прават сега пикник таму, не знам што ќе биде. Ќе одиме ќе видиме“

Како го оценувате тоа, тие промени?

„Што да ти кажам, немам појма. Тие одлучуваат, големите“, вели трет крушевчанец.

 „Не е лоша идејата во ладот после пладне да се одржи тоа. Добра е идејата.

Идејата е да има меѓупартиско помирување?

Да се согласувам, треба еднаш да се помират и да се тргне еднаш напред, доста со ова вашите, нашите веќе, ни се смачи на сите“, додаде друг негов сограѓани.

 „Секоја година туристите, гостите што иделе, одеа на Мечкин Камен и се одржуваше прослава таму. Оваа година не се одржува прослава, само посетеност ќе има некоја“, вели еден крушевчанец.

 „Според мене не е во ред, мислам дека требаше да има говор, требаше да биде како и секоја година, така и годинава, без разлика на состојбите какви се“, истакна друг жител на Крушево.

„Ова е за срамота, секоја година беа, имаше и говор на Мечкин Камен, зошто и оваа година да нема? Ова не го оценувам никако, фактички ова е за осуда“, револтирано вели еден крушевчанец.

Инаку чествувањето за Илинден неофицијално започнува денеска со доаѓањето на коњаниците кои треба да пристигнат тука од повеќе места за да оддадат почит за делото на Илинденците. Од Општина Крушево упатија апел за достоинствено чествување на празникот.

„Ги повикувам моите сограѓани крушевчани и сите оние кои ќе не посетат, посетители, наши сограѓани и од нашата држава да го одбележиме празникот Илинден на еден достоинствен начин, да покажеме сплотеност како нација, како држава, затоа што Илинден е на сите, сите сме деца на Илинден. Посебно сакам да ги повикам претставниците и учесниците на коњаницата кои доаѓаат во Крушево на разумност и исто така чествување и одбележување на Илинден и паднатите борци на Илинднското востание на еден достоинствен начин“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево

Официјалното отворање на 10 дена Крушевска република ќе се случи утре попладне на платото на Гумење со импровизиран напад на градот и пригодна свеченост.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи