Шахпаска: 59 % проценти од вработените во градинките се вакцинирани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска соопшти дека 59% од вработените во градинките се имунизирани.

„Ги почитуваме насоките и препораките на здравствените власти, во изминатиот период. Вработените во градинките и воспитувачките и негувателките, сериозно пристапија кон процесот на вакцинација и можам да објавам дека 59% од вработените во градинките веќе се имунизирани“, информира Шахпаска.

Таа верува дека со постојните дописи од ресорното министерство, ќе ги повика и останатите проценти од вработените во градинките да се вакцинираат, за да може да биде безбеден и престојот на децата во установите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи