Османи: Илинден е важен ден за С. Македонија и Бугарија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Илинден е важен ден за С. Македонија и нашите соседи во Бугарија, ова го изјави министерот за надворешни работи на земјава, Бујар Османи во видео обраќање.

„За жал во минатото, а неретко и во сегашноста, тоа најчесто преставувало причина за раздор и несогласување, наместо да биде точка која ќе спојува и обединува. Во денешниот современ контекст, наша обврска е, од Илинден да направиме токму тоа – точка која ќе нѐ поврзе, празник кој ќе не обедини, историски настан преку чие заедничко одбележување ќе покажеме меѓусебна почит и меѓусебно признание. Изразувајќи почит кон различноста, кон различниот поглед на историските текови, денес преземаме обврска да создадеме современи општествени текови кои ќе овозможат заедничка иднина за граѓаните на двете држави“, вели Османи.

Преку засилена секторска соработка им овозможуваме на граѓаните, на бизнисите, на уметниците и сите останати општествени чинители да ги надградуваат меѓусебните релации без разлика на политичките разлики. Паралелно, преку работата на мешовитата експертска комисија ќе продолжиме да ги бараме точките кои нѐ поврзуваат, отстранувајќи ги разликите кои не оддалечуваат, посочи Османи.

„Ние“, рече македонскиот министер за надворешни работи, „изразуваме јасна волја – во социјална, правна, па дури и уставна смисла – да им дадеме на сите оние граѓани на Северна Македонија, кои се чувствуваат како дел од бугарскиот народ, слободно изразување на оваа волја, додека ние ќе ги почитуваме нивните различни ставови за заедничката историја“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи