Пожар го зафати Кочани, горат куќи, градоначалникот бара помош, Ангелов вели дека состoјбата е критична

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Ситуацијата со пожарот во Кочани е критична, зафатени се неколку куќи, пожарот навлегува накај градот, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Тој вели дека на терен покрај пожарните бригади се и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, а испратени се и војници од Армијата.

Ситуацијата во градот е сериозна и се бара помош од сите страни, а пожарникарите со часови се борат да го стават пожарот под контрола, но силниот ветар го разнесува на сите страни.

Пожар има и во Старо Нагоричане, Македонски брод и Валандово. И таму пожарите не се ставени под контрола поради ветерот кој цел ден дува и високите температура. Пожарите денеска се гаселе само со еден хеликоптер на Армијата, бидејќи трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување не се сервисирани.

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути кажа дека дополнителна пожарникарска единица тргнала за Кочани и треба за еден час таму да стигне.

Градоначалникот Николчо Илиjев за „360 степени“ изјави дека голема опасност за градот има од три страни. Огнот се гасне 5 пет противпожарни возила со колку и располагаат, а 1 возило изгорело. Илиев вели дека помош не добиваат зашто има повеќе пожари во регионот и секоја противпожарна единица гасне на својата територија.

„Веќе се зафатени повеќе куќи, во непосредна близина има борова шума која е зафатена, се шири во неопределен правец, на каде ќе дувне ветер. Едно возило од противпожарната единица ни го зафати огнот. Во регионов во секое населено место има пожари, не може никој да ни излезе во пресрет, состојбата е очајна. Разговарав со ЦУК повеќе пати, ги молев да ни дадат еден хеликоптер. Нема и нема. Не знам што ќе ни даде ноќта“, вели Илиjев.

Илијев вели дека единствено командантот на штипската касарна му ветил помош и очекува армијата да се вклучи во ганењето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи