Филипче: Не можеме вечно да живееме со рестрикции, граѓаните мора да се вакцинираат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство Венко Филипче за Телма вели дека засега само се зборува за евентуалните мерки коишто може да бидат воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани. Не може да ни се повтори сликата од лани со сите тие заострени ограничувања, истакнува Филипче.

Филипче објаснува дека голем удел во бројот на новозаразени, околу 70 проценти се патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на Делта-варијантата се утврдува дополнително.

„Најдобра заштита против Корона вирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции. Тие евентуални рестриктивни мерки по примерот на другите земји ќе бидат насочени само за луѓето коишто не се вакцинирани. Тоа значи дека ќе се бараат потврди за вакцинација, негативни ПЦР тестови на влез на места кадешто може да има масовни собири и таму кадешто голема концентрација на луѓе може да предизвика кластери. Нема логика сега кога имаме вакцина да ги имаме истите рестриктивни мерки како што ги имавме лани кога немавме вакцина“, вели Филипче.

Во болниците се спроведуваат сите протоколи на лекување, уверува министерот и дополни дека здравствениот систем и во моментов е подготвен да одговори на евентуален нов бран на зараза.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи