Илинден одбележан и во Прилеп


Со особена почит денеска во Прилеп се одбележаа двата Илиндена, 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ.

Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци, политички партии и група граѓани одадоа почит на сите заслужни дејци и револуционери кои го дадоа животот за слободата.

„Денеска е 2-ри Август, на денешен ден пред 118 години илинденците го дигнаа востанието за ослободување на целиот македонски народ и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Се остварија вечните идеали и желбата за слобода на целиот македонски народ и оние борци и илинденци што ги дадоа своите животи за денеска да имаме слобода. Со потик на денешните и идните генерации, да се надеваме дека сето ова ќе вроди со плод во понатамошниот период на нашето општество, нашата држава да оди економски и културно се понапред понапред.

Денес, на сите граѓани од Република Македонија и на граѓаните од Општина Прилеп им го честитам 2-ри Август. Нека е вечен 2-ри Август“, посочи градоначалникот Илија Јованоски во своето обраќање.

Со положување на свежи цвеќиња пред спомениците на:

Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Ѓорче Петров, Пере Тошев и на Могилата на непобедените, прилепчани уште еднаш им се поклонија на хероите.

Делегација од Прилеп присуствуваше и на чествувањата во Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи