Ангелов: Да ги изгасиме пожарите, ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си дадам оставка и ќе си одам од државата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На прашањето дали има одговорност и дали ќе си даде оставка, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рече дека ќе почека прво да се изгасат пожарите, па потоа ќе се направат анализи.

„Прво да ги изгасиме пожарите. Републиката е во пламен. Прво да ги локализираме, и нека се олади се, па ќе направиме анализа. Јас мислам дека е најважно што спасивме човечки животи. Ако има одговорност кај мене, јас ќе си дадам оставка и ќе си одам од земајва. Ама ако нема, тогаш барам извинување од сите кои ме напаѓаа во последните денови дека ЦУК ништо не презел. Ако се утврди дека сум потфрлил за пожарите, ќе си заминам од државава. Ако се утврди спротивното, ќе побарам извинување од сите новинари кои ме нападнаа и мојата мајка мораше да ги слуша сите тие работи. Земете истражете, не пишувајте шпекулации“, рече Ангелов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи