ВИДЕО – Граѓанската иницијатива „ЧЕ ВРЕДИ“: ВМРО и СДСМ ни покажаа само тоа како се станува роб во сопствената држава

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вечерва во хотелот Кристал Палас во Прилеп се изврши промоција на граѓанската иницијатива „ЧЕ ВРЕДИ“, на која се обратија Жарко Стеваноски, независен кандидат за градоначалник на Општина Прилеп и носителот на независната листа за советници во Советот на Општина Прилеп, Дарко Конески.

„Мотивите за еден ваков чекор граѓанската иницијатива „Че вреди“ ги влечи од 30-те години независност и ваквиот повеќепартиски систем со кој политичкиот избор на граѓаните се сведува на избор помеѓу две политички партии кои по ништо не се разликуваат во начинот на владеење и остварувањето на личните интереси.

Единствено што до денес нам граѓаните ни покажале ВМРО и СДСМ е тоа како се станува роб во сопствената држава, во сопствениот град. Веќе 30 години сме начисто дека без партиска книшка нема вработување, дека без партиска поддршка нема напредување и дека без партиската милостина нема преживување во ова наше оптшество. Сведоци сме на тоа дека цената која граѓанинот ја плаќа заради обезбедување таквиот живот е превисока а условите за да стигнеме до него се понижувачки и сакале ние или не не тераат при очи да бидеме слепи и при уши да се правиме глуви, да бидеме послушни.

Преку ваквата иницијатива сакаме на Прилепчани да им покажеме дека политичките опции ВМРО и СДСМ  секогаш биле и секогаш ќе бидат малцинство кога станува збор за интересот на градот и за доброто на сите граѓани.

Затоа како граѓанска опција одлучивме да ја бараме поддршката од граѓаните на следните локални избори и се надеваме дека Прилепчани како низ историјата така и сега ќе покажат пркос наспроти партиските стеги на политичките близнаци ВМРО и СДСМ и ќе ни ја дадат можноста да покажеме дека нема да дозволиме партиските локални шерифи да ни бидат репер за успешно водење на локалната власт, да покажеме еден сосема поинаков пристап во водењето на локалната самоуправа и менаџирањето со барањата и проблемите на граѓаните.  Едноставно да покажеме дека можеме неспоредливо  подобро, побрзо и поефикасно да обезбедиме подобар животен стандард за граѓаните на град Прилеп и руралните средини. Сметам дека Прилеп тоа го заслужува и дека единствениот пат за да стигнеме до таквите промени е нашиот личен избор“, истакна Жарко Стеваноски, независен кандидат за градоначалник на Општина Прилеп.

„Целите на реформите во локалната самоуправа од донесувањето на законот за децентрализација до денес не само што не се постигнати туку се уназадени до степен на непрепознатливост.

Во изминатите 30 години се потврди дека Прилеп предводен од досегашните политички структури на ВМРО и СДСМ наместо да го зајакнат и унапредат градот, да обезбедат подеднаков третман на граѓаните, да ги зајакнат механизмите на контрола преку кои ќе се гарантира транспарентност, демократија, стабилност и економски развој, тие, Прилеп го претворија во дувло на партиски постави преку кои го остваруваат единствено својот личен интерес и интересот на поединци приврзаници на власта. Советот на Општина Прилеп е продолжена рака на партијата на власт, составен од партиски послушници кои немаат слух за реалните потреби на граѓаните, едноставно советот претставува гласачка машинерија која исклучиво работи во исполнувањето на партиските агенди и личните интереси на поединци.

Нашата програма за развојот на Прилеп ќе биде подготвена во соработка со сите наши сограѓани. Таа ќе претставува патоказ за тоа кај сакаме да го видиме Прилеп после 4 години. Затоа секој наш сограѓанин може да ги испрати своите идеи и проекти на фан страната на Facebook ЧЕ ВРЕДИ! Или на нашата email адреса contact@cevredi.mk.

Советничката листа ќе ја составиме исто така во соработка со нашите сограѓани. Сите Вие кои што сакате да бидете дел од оваа иницијатива било тоа да е да сакате да учествувате како советници или волонтери во нашата кампања, можете да испратите Ваши податоци и контакт телефон на нашата  фан страната на Facebook ЧЕ ВРЕДИ! Или на нашата email адреса contact@cevredi.mk.

Ќе ми биде чест како носител на независната советничка листа за следните локални избори заедно со кандидатот за градоначалник Жаре Стеваноски да ги презентираме проектите преку кои Прилеп ќе го направиме место во кое секој ќе посака да ги израсне своите деца и да ја погледне својата иднина“, изјави носителот на независната листа за советници во Советот на Општина Прилеп, Дарко Конески.

Дел од одговорот на Жарко Стеваноски на новинарски прашања :

 

„Никогаш нема да се отажам од граѓанскиот активизам кој сметам дека е единствениот начин за општеството да го направиме подобро место за живеење“

Жарко Стеваноски и Дарко Конески беа партиски активисти и токму низ партискиот активизам си го потврдија фактот дека партиските постави и од едната и од другата политичка партија имаат плафон и не можат да го пробијат токму најспособните, најкадарните и најстручните партиски кадри. Како што и кажа Даре буквално се работи за гласачка машинерија, партиските постави се составени буквално од послушници кои не им даваат можност на поединците да се искачуваат во партиската хиерархија. Јас јавно откажувајќи се од активизмот во СДСМ укажав на причините поради кои тоа го правам, но никогаш нема да се отажам од граѓанскиот активизам кој сметам дека е единствениот начин за општеството да го направиме подобро место за живеење, без ограничувања, без плафони, едноставно сите да си ги знаеме скалилата по кои треба да се искачеме доколку сме способни и сакаме да се искачуваме за да си ја потврдиме нашата стручност во определена област.

Дури и 4% да беше прагот од гласачкото тело нас воопшто не ни претставува проблем“

Законската регулатива иако беше направен обид од двете најголеми политички партии да се стават во незавидна позиција независните советнички листи и кандидати за градоначалник, сметам дека зад секоја посериозна опција која сака да настапи независно не би требало да претставува проблем тоа дали би обезбедил поддршка за еден или повеќе советници, така да во тој дел дури и 4% да беше прагот од гласачкото тело нас воопшто не ни претставува проблем, затоа што сметаме дека позади нас стојат доволен број на поддржувачи за да можеме да излеземе како независна советничка листа, без оглед на условите.

„Отворено зад мене стои само моето семејство и домашниот буџет“

Отворено зад мене стои само моето семејство и домашниот буџет. И претходните локални избори кандидирајќи се како кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, јасно ставив на дознаење дека сам ќе си ја финансирам предизборната кампања од сопствен буџет, затоа што секаде во светот тие титули се купуваат од свој џеб, затоа што без разлика кој друг би ја платил, ние не би можеле да бидеме свои и да можеме да настапуваме по за нас својствен начин и да ги донесуваме одлуките слободно како што би требало.

„Доколку утре би настанала и би имало потреба да се појави некоја друга револуција сигурно повторно би бил предводник на истата“

Како учесник и предводник на „Шарената револуција“ во Прилеп сметам дека „Шарената револуција“ ја постигна целта и се смени една власт и се замени со друга власт. Разочаран сум од новата власт затоа што буквално покажа дека ја искористила „Шарената револуција“ само за устоличување на власт. И во таа смисла не жалам воопшто што сум бил учесник во „Шарената револуција“ и доколку утре би настанала и би имало потреба да се појави некоја друга револуција сигурно повторно би бил предводник на истата.

„Седниците на Советот да се пренесуваат јавно за да можат граѓаните да следат за какви одлуки се одлучува“

Еден од основните услови за започнување со работа во Советот, без разлика дали би освоиле 2 или 3 или повеќе советници во Советот кои би биле клучни за донесување на одлуки би било седниците на Советот да се пренесуваат јавно за да можат граѓаните да следат за какви одлуки се одлучува во Советот, кој за нив одлучува и кој какви ставови има. Граѓаните не се запознати ни со дебатата во Советот на општина Прилеп, нити пак за начинот на донесување на одлуките. Во секој случај првиот услов би бил тој, за да можат граѓаните потоа да видат кои се нашите интенции, каква конструктивна дебата ние препорачуваме и без разлика дали тоа би било СДСМ или ВМРО, предлагач или подносите на иницијативи за донесување на такви одлуки во констуктивна дебата ние секогаш би застанале на страната на она што е во интерес на граѓаните.

„Ќе понудиме кампања каква ВМРО и СДСМ никогаш не би можеле да си ја дозволат – слободоумна“

Нашата програма буквално содржи нормални проекти, нешто што сега го немаме, дали тоа се однесува од комунални дејности, дали се однесува на инфраструктурни проекти, нудиме реалност на граѓаните на Прилеп. Пластично ако сакате да ви доловам, тоа би значело дека ние бараме во 5 наутро да се чистат улиците во Прилеп, наместо во 8 кога сите одиме на работа и пластично така би можел да ви доловам која е таа нормалност која ние сакаме да ја доближиме до прилепчани. Нормално дека како советничка група колку советници и да освоиме ќе имаме свои услови под кои би учествувале во работата на Советот, дали тоа би било барање за директорски места за јавни претпријатија, дали тоа би било исполнување на одредени услови и проекти од нашата програма кои би морале да бидат интегрирани без разлика на партијата која би ги освоила наредните избори, така да ние си имаме свои планови и во интерес на нашата советничка група и на сите наши поддржувачи мислам дека е непримерно да ги објавуваме сите наши намери.

Од она што досега го имаме видено како кампања и од едните и од другите сметам дека ВМРО и СДСМ сметам дека малцинство кога се работи за интересот и инаетот на прилепчани, така да не мислам дека тие се машинерија со која ние не би можеле да се споредуваме. Напротив, пред овие избори и за време на кампањата ќе понудиме кампања каква ВМРО и СДСМ никогаш не би можеле да си ја дозволат, слободоумна, таква каква партиските лидери не би им ја дозволиле на локално ниво.

„Граѓанската иницијатива е буквално дух со која би се бркала секоја политичка партија“

Во секој случај имаме локални градови кои покажаа дека преку вакви граѓански иницијативи и преку нивниот настап во советите на општините, пример би го зел Советот на општина Битола, преку иницијативата „Поинаку“, покажаа граѓански активизам, а изминатите пак 7-8 години ни покажаа компаративно зошто се употребуваат граѓанските иницијативи и во што покасно се преточуваат. Имаме еден куп политички партии кои се сателити на овие 2 главни политички партии ВМРО и СДСМ и сметаме дека на таков начин и на тие 2 партии им е полесно да ги стават под контрола помалите политички партии. Граѓанската иницијатива е буквално дух со која би се бркала секоја политичка партија, затоа што тука сметаме дека не можат да уловат ниту еден репрезент, ниту еден водич, а би претставувале мнозинството на граѓаните кои би ги претставувале.

„Програмата ќе ја презентираме преку социјалните мрежи, преку медиумите, преку презентирање на обични и едноставно проекти кои се одраз на нормалното живеење во една локална самоуправа“

Пред се мислам дека граѓаните ги присвојуваме преку политичкиот активизам, партискиот активизам на ВМРО и на СДСМ и сметам дека на граѓаните им е преку глава од таквиот активизам, малски средби, од врата до врата. Колку тие поактивно работат на нештото, толку на нашите граѓани им е преку глава и затоа сметам дека ние како опција не треба да го повторуваме и да го правиме истото, ами нештото ќе го правиме преку социјалните мрежи, преку медиумите, преку презентирање на обични и едноставно проекти кои се одраз на нормалното живеење во една локална самоуправа. Сметам дека тие ќе го препознаат нештото, така да не планираме да одиме и да молиме за гласови, ами очекуваме секој свесен жител на Прилеп и руралните средини да не поддржат во нашите искрени намери. Нашата советничка листа може да се каже до половина веќе е изготвена и оставаме простор за лица, граѓани и жители на Прилеп кои не сме имале можност да ги запознаеме, кои со сопствените квалитетити и капацитети можат да придонесат во збогатување на спектарот на струки и познавања на советничката група. Инаку советничката група и досега е составена од лица со различни познавања, дел од образование, дел од спорт и култура, дел од право како јас на пример, така да не има разноврсни и со познавања од сите области кои се потребни за нормално функционирање на локалната самоуправа.

Контурите на програмата може да се речи ни се спремни одамна, но сепак ќе оставиме простор и граѓаните со свои идеи, бидејќи ние не можеме да бидеме и очи и уши низ целиот град, подетално да не информираат за некои идејни решенија кои сметаат дека се неопходно потребни да се реализираат во четиригодишниот мандат. И сметам дека не би требало да постои програма која не е подлежна на постојано надоградување.

„Се надевам дека со политичките противници на следните локални избори ќе се соочиме по однос на презентирање на проекти и идеи“

Соочувањето за време на политичките кампањи одамна е елиминирано од политичките фактори, не случајно. Најавувам уште од сега, се надевам дека политичките противници на следните локални избори за време на кампања достоинствено е да дојдат со сиот свој капацитет, да се соочиме по однос на презентирање на проекти и идеи, колку се тие возможни и реални, колкав дел од нив има лага, едноставно да си ги изнесиме своите аргументи, своите видувања, гледајќи се очи в очи. Сметам дека тоа е доблесно за секој кој би претендирал за една таква позиција.

Општинската администрација во однос на транспарентноста и нејзината функционалнот во пресрет на барањата на граѓаните може да се репарира за неполни 3 месеци, познавајќи ја систематизацијата на Општина Прилеп и можностите кои можат да придонесат за структурно да се поместат работите во функционален аспект. Така да посебно и тоа што имам сопруга која е новинар, од неа имам научено дека на новинарите треба да им се посветува посебно внимание, затоа што тие се устите на локалната самоуправа и тие говорат за работата на општината. Така да доколку бидеме следна локална власт во секој случај најавуваме апсолутна транспарентност, дури и систем на транспарентност кој ќе ви овозможи и без посебни прашувања да можете да си ги добиват информациите и податоците кои се предмет на ваш интерес.

Досегашниве структури имаа мака да скријат нешто најверојатно и затоа не можете да дојдете до тие информации. Ние кога ќе дојдеме на власт нема од што да се криеме и ќе ги добивате веднаш, затоа што колку кошта нешто, тоа е само еден телефонски повик и тоа кошта толку. Ако има толку фактури, има толку фактури.

Во секој случај има систем кој може да го спроведи локалната самоуправа, од причини што сите јавни претпријатија се под локалната самоуправа, технички може да се воспостави и таков систем на транспарентност, што впрочем го имаме во соседни земји. Значи трошоци на дневно, месечно, тромесечно и годишно ниво.

„Ако станам градоначалник мојата сопруга нема да работи во Општина Прилеп или би работела про боно, односно платата би ја донирала за лица од посебни категории“

Мојата сопруга долги години работи во локалната самоуправа, често пати знам да се насмеам со нејзе, ако станам градоначалник ти ќе заминиш од Општина, или би работела про боно, односно платата би ја донирала за лица од посебни категории, таму каде што навистина е потребно. Така да во тој дел дозволете ни да бидеме пример за тоа како треба да се настапува по однос на спречување на непотизам, по однос на извинување кога грешиме пред граѓаните и по однос на тоа дека искрено имаме заложба нештата да ги промениме и од се да поставиме пример. Ова наше општество е желно да види примери во крајна линија, така да ние сме тука за да поставуваме такви примери.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи