Заев: Тешка илинденска ноќ, ќе ја надоместиме материјалната штета со заеднички сили

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пожарите кои ја зафатија земјата донесоа тешка илинденска ноќ, но благодарение на професионалноста и солидарноста на пожарникарите и граѓаните и натаму немаме повредени или загрозени лица, напиша на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев.

„Материјалната штета е нешто што со заеднички сили ќе го надоместиме, сега најголемата грижа на сите мора да ни биде безбедноста. Сите сили и капацитети на системот се ангажирани под прецизна команда на Центарот за управување со кризи“, додава Заев.

Тој посочи дека утрово 2 хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште 4, како помош од Република Србија.

„Во интензивна комуникација сме и со нашите НАТО сојузници од регионот кои се будни и подготвени да ни испорачаат помош согласно условите на теренот. Во моментов се активни 13 пожари, повеќето се локализирани, кочанско е под контрола, а поинтензивна борба со огнот се води околу Старо Нагоричане, каде се насочени сериозни капацитети во гасењето. Не одете во шумите, бидете внимателни и одговорни, заедно ќе ги надминеме овие пеколни предизвици“, потенцира Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи