ЗК „Пелагонија“ лани ќарил 425.000 евра – се опоравува под надзор на банките

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Според остварените финансиски резултати, најголемиот агрокомбинат во државата – ЗК „Пелагонија“АД Битола се опоравува. Тој лани со помали приходи за 11,7 проценти, остварил поголема добивка за повеќе од 14 пати. Имено, минатата година приходите на ЗК „Пелагонија“ биле 17,9 милиони евра а добивката му била околу 425.000 евра, а во 2019-та година приходите изнесувале 20,3 милиони евра, а добивката неполни 29.000 евра, пишува порталот Пари.

Позитивните резултати на ЗК „Пелагонија“ се особено важни за целата држава. Комбинатот ја има во своја сопственост најголемата житница – произведува  пченица, јачмен, маслена репа, сончоглед, пченка, а има и овошни и градинарски насади. Земјиштето што се обработува е распространето на 17.500 хектари, а во сопственост на комбинатот има и околу 4.000 грла говеда. Овој комбинат сега е под мониторинг на банките, а пред две ипол години сметката му беше блокирана.

Во 2011 година, бизнисменот Јордан (Орце) Камчев кој сега се наоѓа во притвор, го купи управувачкиот пакет на акции на комбинатот и истовремено на Стопанка банка – Битола. Но, според податоците од  јануари 2020 година, Орце Камчев во меѓувреме го намалил својот удел, и тој и Цветан Панделески поседуваат по 19,99% во основната главнина на ЗК “Пелагонија“.

На крајот од 2018 година, Јордан Камчев и Цветан Панделевски, како осомничени во случајот “Империја“,  отидоа во притвор во „Шутка“. Набргу, извршителите се најдоа во пелагонсикиот комбинат и обелоденија дека компанијата им должи на банките (Стопанска банка – Скопје, НЛБ Банка, Стопанска банка – Битола и Комерцијална банака) вкупно 23 милиони евра. Поради долговите, сметката на Комбинатот беше блокирана, а вработените излегоа на протест барајќи си ги заостанатите плати. Тогаш раководството изјави дека се водат проговори со банките – доверители и дека сметката ќе биде одболкирана. Така и се случи, а банките известија дека отплатата ќе почне од септември 2019-та кога ќе заврши реколатата со житни култури и дека Комбинатот ќе биде под мониторинг на банките во наредните 3 години.

Целиот текст достапен тука.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи