Македонија е високо задолжена земја со наjвисок јавен долг досега, државата должи 7,2 милијарди евра или 62,5 % БДП

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Согласно критериумите на Светска банка, земјите кои имаат јавен долг над 60% од БДП се сметаат за високо задолжени.

Во последните 4 години јавниот долг пораснал за 2,5 милијарди евра. Во 2017та, кога се сменува власта, долгот бил 4,7 милијарди евра или 47, 7 % од Бруто домашниот производ (БДП).

Денес, Јавниот долг изнесува 7,2 милијарди евра или 62,5 % од БДП.

Проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг, предвидуваат дека, на среден рок, односно до 2025 година, тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 58,8 отсто, односно под нивото утврдено со Мастришкиот критериум. Но, праксата покажува дека ваквите оптимистички проекции на наша почва не ретко се погрешни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи