Наставниците бараат повисоки плати или ќе ја бојкотираат наставата од септември

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Незадоволни од висината на основната плата на наставниците, наставничкиот пленум со писма до министерката Мила Царовска и до синдикатите СОНК и НСОН, бараат максимално да се заложи во Владата и да им излезат во пресрет на сите вработени во образованието со тоа што  ќе биде обезбедено покачување на платите во новата учебна 2021/2022 година.

„На ова барање се повикуваме како резултат на растот на цените на производите кои се користат во секојдневниот живот, како и на растот на просечната плата која е многу повисока од платите на вработените во образование. Во спротивно, ние наставниците од Наставнички пленум би биле приморани да се организираме и да го покажеме јавно незадоволството“, наведува Пленумот во барањето до Царовска.

Двата синдиката – СОНК (Синдикат за образование, наука и култура) и НСОН (Независен синдикат за образование и наука), Наставничкиот пленум ги известува дека загрижени поради лошата финансиска положба на вработените во основното и средното образование,  планираат бојкот на наставата на почетокот на учебната 2021/2022, доколку МОН и Владата на изнајдат решение и ги зголемат платите.

„Бараме од синдикатите да го подржат бојкотот на наставата кој го планираме од септември 2021. Сметаме дека синдикатите имаат најголема одговорност да ги штитат и унапредуваат правата на вработените и по тој повод очекуваме да нè поддржите во нашите барања и заложби“, наведува Наставничкиот пленум.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи