Пратениците на одмор до крајот на август, локалните избори ќе се распишат на 6 август

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пратениците се на годишен одмор.

Претседателот на Собранието Талат Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август, а ќе се одржат согласно законскиот термин на 17 октомври годинава.

Како што потврдуваат од Кабинетот на Џафери и според Деловникот на Собранието, одморот на пратениците е до крајот на август. Претседателот на Собранието може и за време на одморот да свика седница на Собранието.

Џафери минатата недела на средба со новинарите рече дека со седниците ќе продолжат по одморот, кога ќе работат по преостанатите незавршени седници. Нова седница ќе биде закажана на средината на септември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи