Нема потреба од прогласување на кризна состојба, кажа в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција по одржаната седница на групата за процена.
„Групата на процена одржа седница. По опсежна расправа, по разгледување на актуелната состојба, едногласно одлучивме дека нема потреба од прогласување на кризна состојба. Претседателот на Македонија Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден даде наредба на употреба на армијата, така што ние и овој момент можеме да ги користиме сите расположливи ресурси на армијата. Каналите за меѓународна помош се отворени и функционираат“, кажа Ангелов.
Ангелов посочи дека на ЦУК исклучително му е значајна комуникацијата со граѓаните бидејќи сите информации кои ги споделува се од посебна важност за Центарот и за самите граѓани.