Гигантската панда „Среќа“ во Франција роди близначиња


Гигантската панда Хуан Хуан, што значи „Среќна“ на кинески е позајмена во Франција и родила младенчиња близнаци во понеделникот, соопштува зоолошката градина „Бовел“.

„Двете бебиња се розеви. Тие се совршено здрави. Изгледаат доволно големи и се прекрасни“, вели Родолф Делорд, претседател на Зоолошката градина „Бовел“.

Репродукцијата на панди, во заробеништво или во дивината, е многу тешко.

Хуан Хуан и нејзиниот партнер Јуан Зи ги воодушевиле службениците во зоолошката градина во март кога успеале да остварат „контакт“ 8 пати за време на викендот. Ветеринарите направиле и вештачко оплодување, само за да бидат сигурни.

Првото младенче на Хуан Хуан, Јуан Менг, сега тежи повеќе од 100 килограми  и треба да биде испратено оваа година во Кина, каде што се проценува дека има 1.800 џиновски панди кои живеат во дивината и уште 500 во заробеништво.

Новороденчињата на Хуан Хуан нема да бидат именувани 100 дена, а Пенг Лијуан – сопругата на кинескиот претседател Ши Џинпинг – треба да избере како ќе се викаат, соопшти зоолошката градина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи