Скопје и Тетово се градовите кои имаат најмногу активни случаи на ковид-19. Во Тетово активни се 177 болни, а во главниот град Скопје 184. Со оглед на тоа дека во Скопје бројот на жители е многу поголем, во Тетово поголем е просекот на заболени граѓани.
Вчера, според статистиката на Министерството за здравство, Тетово беше на врвот со нови случаи и тоа 32 од 54 направени тестови. Во неделата имаше 10 случаи, во саботата 25, во петокот 15, односно Тетово е постојано на врвот на листата според бројот на новозаболени откако почнаа да растат бројките.
Наспроти големиот број новозаболени, Тетово е еден од градовите со најмала стапка на вакцинација на населението.
Според податоците на Министерството за здравство објавени на 20 јули, во Тетово вакцинирани се 17,1 отсто од населението и е втор град со најмала вакцинација после Кичево со 15, 8 отсто.
Досега во земјава со прва доза вакцинирани се 514.021 граѓанин, а ревакцинирани се 390.562.