Топлотниот бран е ризик за земјоделството, агрометеоролозите препорачуваат наводнување


Високите температури кои деновиве надминуваат 40 степени, предизвикаа поизразено губење на почвената влага. Агрометеоролозите препорачуваат наводнување, особено на пролетните окопни и индустриски култури. Поради активираното портокалово ниво на опасност апелираат да се почитуваат препораките за работа на отворено и сите активности кои се итни да се извршуваат рано наутро или приквечер.

„Високите температури во текот на изминатите денови придонесоа да имаме поизразено губење на почвената влага, која се движи 6 до 7 милиметри на ден. Иако имаше појава на локални врнежи на одредени места, тоа не ги задоволи во доволен обем потребите на земјоделските култури.

Топлото време кое неделава ќе надмине 40 степени, негативно ќе влијае и на повеќегодишните растенија кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат. Затоа, се препорачува наводнување на културите, особено на пролетните окопни и индустриски култури“, велат од УХМР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи