Шекеринска: Армијата е таму каде што е најтешко, повеќе од 1000 војници се подготвени


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги посети припадниците на Армијата, кои на Кокино беа ангажирани во справувањето со пожарот и упати благодарност до нив, до сите припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, како и доброволците луѓето од општина Куманово.

Министерката најави дека со одлуката на Претседателот на државата и врховен командант повеќе од 1000 припадници на Армијата се подготвени да се вклучат таму каде што треба. Потсети дека припадниците на Армијата веќе се присутни на 13 локации за да помогнат во напорите за справување со пожарите.

„Навистина ми е драго што некои мои колеги во раните утрински часови многу брзо реагираа позитивно и после првични најави за помош од Србија и Бугарија, одговор добивме и од страна на Словенија, а се очекува и од страна на други земји од нашето соседсто, што покажува дека како соседи можеме да си помогнеме. „Армијата и овој пат покажа дека не си ја бира задачата, буквално е таму каде што е најтешко , таму каде што ризикот е голем се вклучува и помага“, изјави министерката Шекеринска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи