ВИДЕО-Кузевски: Утре ќе имаме првични резултати дали 12-те лица се затруле од посочената скара на кило

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


12 лица се затруле на куќна слава во прилепското село Дупјачани на празникот Илинден. Имено веднаш после ручекот, после неколку часови лицата кои биле на домашната прослаава почувствувале, омалаксаност, болки во стомакот и дијареа. По што 8 од нив се упатиле на преглед во инфективното одделение во прилепската општа болница, 2 лица во детското одделение и 2 во итната медицинска помош. Најмладиот пациент имал 6 години, а најстариот 56. На сите лица им е дадена соодветна терапија и се пратени на домашно лекување. Се сомневаат дека добиле труење од скарата која ја купиле од една месарница во градот, бидејќи освен салата и месо не конзумирале ништо друго на прославата.

Епидемиолошката служба од ЦЈЗ Прилеп, во соработка со инспектор од Агенција за храна и ветеринарство, како и инспектор од Државниот и санитарен и здравствен инспекторат, беше направен сооветен санитарно хигиенски увид ии епидемиолошки увид  во посочениот објект при што се земени мостри од храна за анализа, како и брисеви од персоналот, вработените лица и од не жива средина. Со цел да можеме да потврдиме или да исклучиме дека можното труење настанало од конзумирањето на храната на тој објект“, истакна Горан Кузески, епидемиолог во ЦЈЗ Прилеп.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова, истакна дека делот од објектот на месарницата кој е наменет за подготовка на производи од месо на скара е затворен и со лента од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и истиот ќе остане затворен се до добивање на резултати од земениот материјал. Експертите апелираат до граѓаните да внимаваат со исхраната во лето кога е и зголемен бројот на труења.

„Да се запазуваат сите оние пропишани правила и мерки со цел да се избегнат ваквите несакани ситуациии, а тоа е одржување на личната хигиена, миење на рацете, темелно миење на намирниците кои се употребуваат за приготвување на храната, исто така храната да се чува во соодветнии разладни уреди, а после приготвување храната да не се остава подолго од 2 часа на собна температура“, додаде Кузеки.

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп велат дека првичните резултати за тоа од што настанало труењето се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи